[ФОТО] Премиера: Ова е првиот електричен "Suzuki"!

Точка

06/11/2024

12:50

3.399

Големина на фонт

а а а

"Suzuki" официјално го претстави првиот електричен модел – тоа ќе биде новиот "Suzuki Vitara".

Поточно, за да се опише природата на овој модел - се вика "eVitara", а е создаден во соработка со "Toyota".

"Suzuki eVitara" ќе се најде на европските пазари од летото следната година, се работи за електричен "SUV", а освен името, нема посебна врска со постоечката "Vitara".


Новиот дизајнерски јазик што "Suzuki" го примени овде се нарекува „High-Tech & Adventure“ и најдобро ја опишува целта што сакаат да ја постигнат, односно авантуристичката цел на нивниот прв електричен автомобил.

Димензиите се 4.275 mm x 1.800 mm x 1.635 mm. Напред има нови „футуристички“ светла кои се стеснуваат кон средината, а елементи кои придонесуваат за робусниот изглед се наоѓаат и напред и од страните.


Повеќе нема аналогна инструмент табла, а на нејзино место доаѓа дигитален дисплеј, покрај кој има и мултимедија. Сепак, на централната конзола се додадени копчиња, а внатрешноста е прошарана со кафена и црна боја.

Што се однесува до погонскиот склоп, возачите ќе имаат три избори.


Почетната верзија има електричен мотор со 144 коњски сили и 189 Nm максимален вртежен момент, додека малку помоќната варијанта има 174 коњски сили и исто така 189 Nm максимален вртежен момент.

Третата и најмоќна верзија има два електромотори и испорачува вкупно 184 коњски сили и 300 Nm максимален вртежен момент. Ниту цената, ниту опсегот не е откриена за ниту една варијанта, но според некои информации достапни се околу 250 километри со 80% полна батеријата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг