Постојат многу реченици кои родителите ги кажуваат несвесно, но децата честопати ги доживуваат зборовите подлабоко отколку што мислиме. Во морето од секојдневни обврски, замор и фрустрации, родителите понекогаш кажуваат зборови кои можеби звучат безопасно, меѓутоа прават детето да се чувствува лошо.
Во продолжение неколку вообичаени фрази кои, родителите често ги кажуваат со добра намера, но кои може да имаат долгорочно негативно влијание врз самодовербата и чувството за самопочит на детето.
За родителите, споредбата може да биде едноставен начин за изразување на фрустрација или желба за подобро однесување на детето. Но, за детето оваа фраза може да значи нешто сосема друго – дека не е доволно добро или дека неговите родители повеќе го сакаат неговиот брат или сестра.
Ваквите споредби можат да поттикнат љубомора и чувство на инфериорност, оставајќи долготрајни емоционални рани. Обидете се да ги цените уникатните квалитети на вашето дете. Кажувајте му нешто како: „Знам дека можеш да го надминеш ова, имај трпение и труд се. Ајде да се обидеме заедно!“
Фразите што определуваат што е „соодветно“ однесување за девојчињата и момчињата може да остават трајни последици врз детето. Кога на девојчето ќе му кажете дека не треба да биде гласна или на момчето дека не треба да плаче, тие почнуваат да веруваат дека нивните природни реакции се непожелни. Ваквите коментари можат да влијаат на развојот на емоциите и идентитетот на детето.
Наместо тоа, обидете се да им кажувате: „Што те мачи? или „Што мислиш за ова?“ На овој начин му давате простор на детето да ги изрази своите емоции и интереси без условување.
Оваа фраза лесно се изговара, особено во моменти на лутина. Но, детето може да ја сфати како порака дека е „лошо“ или дека никогаш нема да ги исполни очекувањата на родителите. Ваквите зборови често се демотивирачки наместо да стимулираат и можат трајно да го оштетат чувството за самопочит на детето.
Наместо тоа, кажете им: „Тажен/на сум поради тоа што се случи“. На овој начин покажувате дека вашите емоции се поврзани со конкретно однесување, а не особините на детето.
Родителите често мислат дека оваа фраза ќе го мотивира детето, но таа може да предизвика спротивен ефект. Детето може да почне да мисли дека не е доволно добро или дека родителите имаат точна слика за тоа како треба да биде, без простор за негови грешки.
Наместо тоа, подобро е да му кажете: „Верувам дека ќе успееш, но ајде заедно да најдеме начин да се подобриш“. На тој начин детето се чувствува поддржано, а грешките ги доживува како фази кои може да ги надмине.
Оваа фраза може да звучи како минимизирање на прашањата или желбите на детето. Децата се многу чувствителни на почитта и сериозноста со која ги перципираме, а таквите изјави можат да ја нарушат нивната доверба во сопствените способности.
Подобар пристап е да се каже: „Растеш и учиш, ајде да се обидеме да го сфатиме тоа заедно“. Со овој пристап, детето гледа дека ја цените неговата љубопитност и дека сте подготвени да му помогнете да разбере.
Секој збор што го кажуваме има потенцијал да го изгради или наруши карактерот и самодовербата на детето. Понекогаш треба само малку да размислите и да ги кажете истите работи но на начин кој ќе ги охрабри децата, и кој нема да ги навредлив. На овој начин ќе направите и најпредизвикувачките моменти да бидат можност за учење, а не повод за чувство на срам кај децата.