Хрватската пејачка Северина изминатиов период патува низ познати европски дестинации, а моментално престојува во Мадрид со синот Александар.
Мајката и синот уживаат во знаменитостите на главниот град на Шпанија, а го посетија и музејот Прадо. Пејачката се пофали со фотографии од музејот каде се наоѓа една од највредните збирки на слики и скулптури во светот.
„Сите во музејот Прадо“, напиша крато таа покрај фотографиите.
Инаку Северина беше со синот и на натпреварот помеѓу Барселона и Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Таа и Александар беа поканети на натпреварот од хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кому пејачката преку објава на Инстаграм му се заблагодари. Откако тимот на Реал Мадрид изгуби, под фотографиите таа доби шеговити коментари.
„Севе, не навиваше добро“; „Значи ти си причината за маките на Реал“, се пошегуваа нејзините следбеници во коментарите.
Инаку, Северина неодамнa се пофали и дека ја посетила Португалија. Таа со своите следбеници на социјалните мрежи сподели серија фотографии од Лисабон, а на некои од нив позираше покрај знаменитостите на впечатлив начин.