Ќерката на Мет Лебланк, кој се прослави со улогата на Џои во хит серијата „Пријатели“, ретко се појавува во јавноста. Меѓутоа, фотографите сега ги уловиле во Лос Анџелес.
Марина и Џои купувале автомобил во Лос Анџелес и не останале незабележани. Папараците ги снимиле додека ги разгледувале автомобилите.
20-годишната девојка многу е променета од последниот пат кога била фотографирана од папараците. Сега има црвена коса.
За разлика од повеќето деца на познати родители, Марина нема отворени профили на социјалните мрежи. Мет отсекогаш ја чувал подалеку од очите на јавноста. Во една прилика за „The Sunday Times“ тој открил дека Марина обожава коњи и одлично пее.
Мет ја добил Марина во врската со Мелиса Мекнајт од која се развел во 2006 година. Кога Марина имала 11 месеци, ѝ била дијагностицирана форма на дисплазија која влијаела на нејзината способност да оди и да зборува. Иако нејзината состојба се подобрила со текот на времето, Мет тој период од неговиот живот го нарекол „мрачен период“.
„На ќерка ми и беше дијагностициран проблем со главата. Тоа беше ужасно мрачен период“, изјавил тој за „Daily Mirror“ во 2016 година. Во тој период се повлече и од актерството. „Со години едвај излегував од куќата. Бев изгорен“, признал актерот.