Петар Грашо и Хана Хуљиќ го пречекаа второто дете: На свет пристигна момче, кое името го доби по дедото на Петар

Кармин

31/10/2024

21:51

651

Големина на фонт

а а а

Познатата хрватска двојка Петар Грашо (48) и Хана Хуљиќ (33) утрово го добија второто дете, синот Тони.

Како што пишуваат хрватските медиуми, породувањето поминало во најдобар ред и мајката се чувствува добро. Момчето го доби името по покојниот дедо на Грашо.

Да потсетиме, двојката се венча во февруари 2022 година во црквата Св. Доминика во Сплит. Грашо и Хуљиќ ја добија ќерката Алба во јули 2022 година, а пејачот неодамна откри дека неговата сопруга е бремена по вторпат.


Во средината на годината, Хуљиќ откри дека Алба им донела грст радост во животот.


„Уживам во секој момент со неа, знам дека брзо ќе порасне и можеби сега едвај чекам да порасне, но кога ќе порасне ќе ми биде жал. Убава е, весела е, донесе нешто посебно во нашиот живот“, изјави тогаш таа за „ИнМагазин“.

Во истата емисија таа изјави дека Алба сигурно ќе биде пресреќна кога ќе го запознае својот брат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk