Популарната Кери Бредшо се прошета во неверојатен аутфит.
Актерката Сара Џесика Паркер, која се прослави со улогата на Кери Бредшо во култната серија „Сексот и градот“, подготвена ја пречека есента, а нејзините модни комбинации се секогаш полни со инспирација и ги следат најновите трендови. Овој пат таа беше фотографирана на снимањето на серијата „And just like that …“, а нејзиното слоевито модно издание веднаш привлече внимание.
Актерката со години наназад изненадува со модните изданија, кои за некои би изгледале како вистинска катастрофа, додека на неа изгледаат совршено.
#SarahJessicaParker wurde wieder am Set von #AndJustLikeThat gesichtet. Alle Details zur 3. Staffel verraten wir hier ➡️ https://t.co/YdhenUtlLc#voguegermany #ajlt #carriebradshaw pic.twitter.com/yqeKKGqGsc
— VOGUE_Germany (@VOGUE_Germany) October 30, 2024
Сара во последно време не се одвојува од чантата „Фенди“ во бордо нијанса, која е вистински хит оваа есен, а ја комбинираше со тексас-здолниште и сако, а врз тоа носеше волнен шал. Тешко е да се опише сè што имаше облечено Сара, бидејќи покрај тексас здолништето таа се одлучила и за нешто бело под тексасот кое исто така наликува на здолниште.
Ова модно изданието следуваше откако на снимањето на серијата Сара му одаде модна почит на својот култен изглед од финалето на серијата „Сексот и градот“, постигнат со архивскиот фустан на дизајнерката Вивиен Вествуд.