Ви пренесуваме рецепт за чоко-моко плазма торта кој не се пече, а се подготвува за 15 минути.
Состојки:
150 гр печени лешници
300 гр мелен бисквит
пакување темни кори за колачи 700 гр
200 гр шеќер во прав
600 гр кисела павлака
5 кесички шлаг (околу 250 гр или можете да користите и слатка павлака)
300 мл кисела вода
700 мл чоколадно млеко
Прв фил: Измешајте павлака и шеќер, па додадете мелени бисквити и лешници. Во овој фил додадете 5 лажици шлаг, односно одвојте го од вториот фил.
Втор фил: Изматете го шлагот со кисела вода.
Фил: Избоцкајте ја кората со чепкалка за подобро да се впие чоколадното млеко. Натопете ја кората со многу чоколадно млеко, бидете трпеливи додека не се впие. Покријте со фил од лешник, а потоа со шлаг. Ставете ја втората кора, избоцкајте ја, натопете ја во чоколадно млеко...и така до крај.
Третата или последната кора прободете ја и натопете ја во чоколадно млеко. За премачкување на горната кора и страните користете неколку лажици фил од лешник измешан со 2-3 лажици шлаг. Колачот го измазнувате колку што можете и го ставате во фрижидер неколку часа или до следниот ден. Потоа украсувате.