Летото е идеален период за одмор, а Словенија е земја која нуди широк спектар на дестинации кои можете да ги посетите. Било да сте љубители на морето и плажите или пак планините, сите нив можете да ги пронајдете во Словенија. А доколку пак посакате одморот да го поминете во бања и тоа можете да го најдете во Словенија.
Кога некој кога ќе го спомене градот Истра веројатно првата асоцијација нема да биде на Словенија туку на Хрватска, меѓутоа најголемиот дел од словенското приморје се наоѓа токму во оваа област.
Токму во срцето на словенската Истра, ќе ја пронајдете органската фарма „Марима“ која се наоѓа во близина на Требеш блиску до Копар. На оваа фарма се обработува и суши овошје кое исто така може да се дегустира, а најголем дел од овошјето се суши во биолошката сушилница направена од дрво.
„Бидејќи сакаме што повеќе да ги сочуваме корисните состојки на овошјето, употребуваме многу нежна метода на сушење на овошјето (сушење на ниска температура)“, велат од фармата Марима.
Доколку пак сте љубители на море, Пиран може да биде добар избор. Овој град се наоѓа на самиот крај на Пиранскиот полуостров, а во самиот центар на градот се наоѓа плоштадот на Џузепе Тарантини, како и куќата во којашто живеел којашто денес е претворена во музеј и може да се посетува.
Гранд хотел „Бернардин“
Лоциран помеѓу Пиран и Порторож, со 241 соба и 17 апартмани.
Хотелот нуди различни содржини за гостите со инвалидитет, а објектот е приспособен на инвалидските колички. Во хотелот постои воден парк „Sea Waterpark Termaris“ којшто претставува комплекс на базени со загреана морска вода коишто преку терасата во текот на летото се поврзани со плажата. Хотелот исто така располага и со спа-центар којшто ќе ви понуди целосна релаксација. Во близина се наоѓа и еколошката фарма за маслинки „Грамона“ која се простира на осум хектари земја, и каде што можете да ги дегустирате нивните маслинки и маслиновото масло.
Винарија „Пуклавец“
За сите љубители на добро вино тука е винаријата Пуклавец. Вината на семејството Пуклавец се произведуваат во срцето на Љутомер – Ормож, винското подрачје во североисточниот дел на Словенија, коешто нуди совршени микроклиматски услови за одгледување на грозје.
„Резултатот се елегантни вина, направени со бескомпромисна страст и внимание кон деталите со внимателно избалансиран и впечатлив вкус како и пејзажите од нашите винарници“ порачуваат од винаријата. Покрај производството можете да ги посетите и нивните засади со грозје како и викендичката „Малек“, 350 години стара, којашто некогаш се користела како фарма за преработка на грозје и вино.
Дворецот „Оточец“
Дворецот Оточец се наоќа на островот кој е сместен на реката Крка. Покрај сместување, во дворецот можете и да ручате. Ресторанот во дворецот нуди чувство на релаксација и мир во преубавиот амбиент,како и вкусни јадења подготвени со состојки од сопствената органска бавча на ресторанот, а ресторанот е член на реномираното гастрономско здружени „Chaine des Rotisseurs“.
Блед
Дворецот во Блед сместен на карпите над езерото Блед, е еден од најстарите словенски дворци. Со историја дога повеќе од 1000 години, Бледскиот дворец ги маѓепсува неговите посетители со прекрасната локација и погледот кој го „одзема здивот“.
Дворецот во Блед е симбол на Блед и на Словенија, и се вбројува во најдобро зачувани тврдини во земјата, и е место каде се среќаваат минатото и сегашноста.,а за прв пат се спомнува во пишан документ уште во 1011 година.
Инаку градот Блед е познат по десертот „кремпита“, а оригиналната можете да ја пробате во популарното кафуле „Café Park“.
По езерото и до островот можете да се возите на различни начини, како и со традиционалниот чамец наречен „плетна“. Овие чамци ги изработуваат локалните жители и се типични за Блед, а нивното потекло датира од 1590 година.