Се верува дека ако ги исфрлите овие работи од дома, среќата ќе ви затропа на врата

Макфакс

26/07/2024

09:55

16.851

Големина на фонт

а а а

По Фенг Шуи постои верување дека некои предмети го блокираат напредокот и ги попречуваат животните успеси, па затоа е многу важно што поскоро да ги отстраните од домот.

Некои работи во куќата можат да носат лоша енергија бидејќи се врзани за лоши спомени или едноставно ако се оштетени.

Оштетени садови

Сè што е во кујната и се користи за приготвување или послужување на храна и пијалоци треба да биде целосно, односно неоштетено. Предметите кои имаат некаков вид оштетувања, дури и гребнатини, одбиваат позитивни вибрации.


Подароци за кои немате убави спомени

На сите ни се случило некој да ни подари нешто што не ни се допаѓа или одредени предмети во куќата да не потсетуваат на лоши работи, како на пример поранешни љубови или пријателства кои завршиле.

Погрижете се да се ослободите од таквите работи за да направите простор за некои попријатни спомени во вашиот живот.

Облека и чевли што не ви се допаѓаат

Сè што е во вашиот плакар не треба да биде само корисно, туку и убаво за вашето око.


Она што не ви одговара и предизвикува лоши емоции го блокира протокот на позитивна енергија и треба што поскоро да го фрлите или да го подарите.

Празни тегли или шишиња

Во куќата чуваме многу предмети кои моментално немаат функција во случај да бидат потребни. Навистина не ни требаат повеќе од неколку празни тегли.

Акумулацијата на шишиња и тегли го попречува нормалниот проток на позитивна енергија, спречувајќи ги просперитетот и радоста да влезат во вашиот живот.


Стари свеќи

Според експертите за фенг шуи, огнот ја уништува негативната енергија и помага да се ослободи простор за среќа.

Затоа миризливите свеќи се популарно помагало за медитација, релаксација и попријатно чувство во домот. Сепак, полузапалената стара свеќа не е корисна, таа се смета за отпад на енергија и мора да се замени со нова свеќа што е можно поскоро.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk