[ФОТО] „Моја доживотна партнерка во дубл“: Новак Ѓоковиќ ги разнежи фановите со емотивната порака посветена на сопругата

Кармин

18/06/2024

23:19

9.795

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ ја разнежи јавноста со објава на социјалната мрежа Инстаграм која ја посвети на својата сопруга Јелена. Новак и Јелена Ѓоковиќ важат за еден од најхармоничните парови на домашната, но и на светската јавна сцена.

Најдобриот тенисер на светот не крие дека неговата сопруга - и во приватниот живот и во кариерата - е негова неоспорна потпора и поддршка.

Летово познатиот српски пар ќе ја прослави 10-годишнината од бракот, а Новак уште еднаш покажа колку е силна нивната љубов со денешната порака што ја сподели на социјалната мрежа Инстаграм.

Јелена Ѓоковиќ денеска го прославува својот 38-ми роденден, а честитките не престануваат да се нижат.

На убавата и секогаш скромна Јелена многумина јавно ѝ упатија пораки со убави желби, но една особено се издвои. Станува збор за, се разбира, објавата на нејзиниот сопруг Новак.

„Среќен роденден на најдобрата сопруга, мајка, пријателка, партнерка, лидер, учителка, инспирација што некогаш би можела да ја посакам. Мојата доживотна партнерка во дубл, Јелена“, напишал тенисерот под романтичната фотографија со сопругата.

Ова не е првпат Новак и Јелена јавно да си упатат топли зборови на љубов и поддршка еден на друг, па така таа неодамна сподели слична честитка за 37-от роденден на Ѓоковиќ.

„Среќен роденден блесав, шашав, неуморен тато со срце големо како универзумот. Не е дека си наш, ама навистина си најдобар. Те сакаме“, гласеше пораката која ја сподели сопругата на тенискиот ас.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk