[ВИДЕО] Самодовербата најдобро се гради до петтата година од животот: Советник за родителство открива како

Кармин

23/04/2024

13:40

4.367

Големина на фонт

а а а

Многу родители имаат три цели, развој на среќни, здрави и успешни деца. Меѓутоа, за да го постигнеме тоа, мора да развиеме и самодоверба кај децата. Ако не знаете од каде да започнете, советникот за родители Лиомарис Рејес има неколку вредни совети. Според Рејес, треба да почнеме да ја развиваме самодовербата уште од рана возраст.

„Колку повеќе вложувате во првите години од животот, толку повеќе ќе добиете кога ќе станат тинејџери“, објасни таа.

„Најризичното сексуално однесување во тинејџерските години е производ на ниската самодоверба развиена во првите пет години од животот“, истакнува таа во видеото што го објави на Инстаграм.

Откако ја објасни важноста за развивање самодоверба на рана возраст, Рејес понуди конкретни совети за развивање самодоверба кај децата на возраст под пет години.

„Прво, дозволете му на вашето дете да ги здипли алиштата, да ги мие садовите и да ви помогне да го капете миленичето. Оставете ги децата да прават работи што ќе им овозможат да ја развијат идејата дека се способни. И кога ќе згрешат, не ги карајте, оставете ги да продолжат“, советува таа.

На друго место наведува дека е важно секоја грешка да се прифати како можност за учење.

„Наместо да му кажете на детето дека не е добро во нешто и да барате од него да престане да ви помага, искористете ја грешката како можност да го научите како да прави нешто правилно. Детето на тој начин учи дека може да расте со своите грешки бидејќи е способен“, тврди Рејес.

На крајот, таа ги советува родителите да се држат настрана од употребата на „етикети и награди“.

Дозволете му на детето да создаде позитивно чувство кога ја прави вистинската работа. Нема секогаш да бидете околу него и му делите награди за направеното“, заклучува таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk