„Помислив: Кој е овој старец?“: Љубовната приказна на Харисон Форд и 22 години помладата колешка започнала неочекувано

Кармин

22/04/2024

13:35

3.891

Големина на фонт

а а а

Во индустријата која не е позната по своите долгорочни односи, тие можеби се исклучок од тие правила.

Но, Калиста Флокхарт признава дека тоа не било баш љубов на прв поглед кога Харисон Форд дошол до нејзината маса на 59 доделување на Златните глобуси во 2002 година.


Тоа се покажало како почеток на трајната 22 години долга љубовна приказна, но започнала несреќно, откако Форд (81) се обидел да се претстави пред Флокхарт (59) за првпат.

Во разговор за „The Times“, Калиста објаснила како изгледала првата средба со актерот:

„Бев свесна кој е Харисон Форд, но не помислив: О, ова е Индијана Џонс. Повеќе, тоа беше во стилот: Ова е некој старец и што прави тој на нашата маса?“, открила актерката во една прилика.

Додека Флокхарт ужива во планинарењето, нејзиниот сопруг е познат по својата љубов кон летањето со авиони, страст која резултирала со повеќе од една несреќа.

Но, иако тие незгоди предизвикале загриженост, актерката вели дека Форд никогаш не го наговарала да се откаже од својата омилена забава.


„Не, тоа би било бескорисно“, рекла таа, па додала: „Секако дека се грижам, но среќна сум кога тој е среќен“.

Добитничката на Златен глобус исто така се осврнала на гласините за анорексија кои ја следеле во текот на првите години од нејзината кариера.

Таа за „NY Times“ изјавила: „Претпоставувам дека бев лесна мета. Беше болно, беше комплицирано. Ги гледам фотографиите од минатото, и тогаш сум иста како сега, а сега никој не кажува ни збор“, заклучила актерката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk