Најдобрата холивудска продуцентка ја критикуваше најпопуларната актерка: „Не е убава, не умее да глуми, но зошто сите ја сакаат и фалат?“

Кармин

17/04/2024

09:25

10.059

Големина на фонт

а а а

Taa e една од најпопуларните млади холивудски ѕвезди и некој на којшто му предвидуваат блескава кариера.

Исто така тврдат дека таа е една од најатрактивните жени на денешницата, а неодамна критичарите ја искритикувале, тврдејќи дека таа е толку „руса и со големи гради“.

Зборуваме за Сидни Свини, а младата актерка сега ја коментирала и една од најдобрите продуцентки во Холивуд.


„Таа е убава, не умее да глуми“, тврди Керол Бам која стои зад филмовите како што се „Buffy the Vampire Slayer“ и „Father of the Bride“.

„Постои актерка која сега сите ја сакаат – Сидни Свини. Јас тоа не го разбирам. Во авион гледав филм во којшто глуми Сидни затоа што намерно сакав да го погледнам. Сакав да видам која е таа и зошто сите зборуваат за неа“, изјавила Керол во разговор со филмската критичарка Џенет Маслин, алудирајќи притоа на новиот филм со 26-годишната русокоса „Anyone But You“.

„Го гледав овој филм којшто не е за гледање, им се извинувам на луѓето на кои им се допаѓа, но ова е романтична комедија во која тие се мразат едни со други“, додала.


Бам потоа се присетила на часот по продукција којшто неодамна го одржала во училиштето за уметности каде работи како професор:

„Му реков на своето одделение. Објаснете ми ја оваа девојка. Не е убава, не умее да глуми. Зошто сите ја фалат и ја сакаат? Никој немаше одговор, но потоа ми беше поставено едно прашање: Па, доколку би можеле да снимите филм само доколку таа глуми во него, дали би го направиле тоа? Реков: Тоа е навистина добро прашање. Тешко е да се даде одговор на тоа затоа што сите сакаме да направиме филм и кој се откажува кога ќе добие зелено светло за тоа? Никој којшто го познавам. Вашата работа е да направите филм“.


Инаку, Керол Бам во текот на кариерата продуцирала 34 филма во кои се појавиле и Џенифер Анистон, Мајкл Даглас, Доли Партон...



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk