[ФОТО] Најмладата ќерка на Хајди Клум неверојатно наликува на својот татко – буквално негова копија: Манекенката и пејачката имаат три деца и сите наликуваат на него

Кармин

15/04/2024

18:06

4.077

Големина на фонт

а а а

Манекенката Хајди Клум моментално ужива на познатиот музички фестивал Коачела, а друштво ѝ прават ќерките Лени и Лу. И додека нејзината ќерка Лени ѝ е добро позната на јавноста, со оглед на тоа што и самата се занимава со манекенство, помладата Лу до неодамна била „скриена“ од очите на јавноста.

Оваа тинејџерка во октомври ќе го прослави својот 15-ти роденден, но со оглед на тоа дека ја има наследено висината од двајцата родители, изгледа малку постаро отколку што навистина е.


Папараците успеале да ја „уловат“ оваа млада дама додека поминувала време со мајка си на фестивалот, а додека Хајди Клум се одлучила за атрактивно издание, Лу на себе имала многу опуштено, модерно издание.


Оваа 14-годишна девојка, која го носи презимето на нејзиниот татко – Сулола, се одлучила за широки, тренди темни тексас фармерки, кроп топ со беж принт и кафени каубојски чизми. Лу има долга, кадрава коса, а изразито наликува на својот татко – познатиот пејач Сил.


Интересно е што и нејзините браќа наликуваат на пејачот, па очигледно е дека гените на таткото во овој случај биле „подоминантни“.

Да потсетиме, Хајди и Сил беа во брак од 2005 до 2014 година, иако нивниот брак се распаднал пред две години пред официјалниот развод. Покрај Лу, парот има уште две деца – синовите Хенри (18) и Јохан (17), а Сил ја посвоил и најстарата ќерка на Хајди, Лени.



Интересно е тоа што славната Германка била бремена со Лени, чиј татко е италијанскиот милионер Флавио Бријаторе, кога почнала да излегува со пејачот, но на него не му пречело. Покрај тоа, во иднина тој практично го заменил таткото на девојчето.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk