Штом ќе станете наутро напијте се вода помешана со оваа состојка од кујната: После неколку седмици ефектите врз здравјето се видливи

Кармин

11/04/2024

12:25

33.719

Големина на фонт

а а а

Еден од најпознатите супермодели, Ел Мекферсон, веќе одредено време практикува необична навика на консумирање на солена вода.


Имено, пред спиење таа остава чаша со прстофат розова, хималајска сол покрај својот кревет за да ја испие штом стане.

Оваа навика предизвикала голем интерес и се поставува прашањето дали навистина е здраво да се пие солена вода како дел од дневната рутина.


Електролити – клучни за хидратација и здравје

За сами да направите напиток за здравјето, се препорачува користење сол збогатена со минерали како што е хималајската сол или ќесичка електролити.

Џо Вудхерст, шефот на одделението за исхрана во „Ancient + Brave“ истакнува дека напитоците со електролити станале сѐ попопуларни во последниве години, особено кај спортистите поради свеста за ризиците од дехидратација.

Зошто се толку важни електролитите?

Електролитите имаат клучна улога во хидратацијата на клеточно ниво. Телото на возрасна личност се состои од околу 60 отсто вода, а електролитите помагаат во одржување на исправната рамнотежа на течност во внатрешноста и надвор од клетките.

Исто така, тие придонесуваат јакнење на нервниот систем и мускули, одржување на рамнотежата на pH нивото и нормален крвен притисок.


Кој треба да зема суплементи електролити?

Потребата за електролити зависи од активноста, годините, внес на течности и климата. Патување со авион, консумирање алкохол или промена на исхраната исто така може да доведе до губење на електролитите. Се препорачува консумирање додатоци на електролити наутро, особено после ноќ без течности.

Секако, важно е да избегнувате додатоци на електролити кои содржат вештачки засладувачи или ароми, како и неквалитетни минерали кои телото потешко ги апсорбира.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk