Актерката три години не спиела со својот сопруг, а сега се разведуваат – причината е бизарна

Кармин

11/04/2024

23:18

23.585

Големина на фонт

а а а

Почетокот на април Тори Спелинг поднела барање за развод од сопругот Дин Мекдермонт со којшто била 18 години во брак и побарала старателство над нивните малолетни деца.

Тори и Дин во последниве три години спиела одвоено од својот сопруг, а сега актерката открила и зошто.

Дин претходно за „Daily Mail“ признал дека нивниот брак бил проблематичен подолго време, а ситуацијата се влошила кога престанале да ја делат спалната соба.


Неговото „преселување“ во друга соба го припишал на тоа што Тори доведувала животни во кревет. Вели дека Тори не се ни трудела да го реши проблемот со одвоено спиење.

Во својот поткаст „misSPELING“ изјавила дека одлуката да спие во одвоена спална соба била избор на нејзиниот сопруг, но не поради животните.

„Тој дал интервју во кое кажал дека престанал да спие со мене во ист кревет поради животните. Тоа не е вистина“, изјавила Тори.

Имено, парот имал прасе за кое Тори вели дека една вечер преспало во нивниот кревет затоа што било бебе и според негувателите, требало да се внимава на него.

Прасето мокрело во кревет поради што Дин веднаш одлучил дека животните повеќе нема да спијат со нив. Тори нагласувала дека животните и децата не застанале меѓу нивниот заеднички живот, како што гласеле гласините. На нејзиниот сопруг му пречело тоа што актерката спие со вклучен телевизор и тоа довело до разидување.


„Го вклучував телевизорот за да ми го одвлече вниманието од мојот живот. И, погодете што? Смешно е. Тој повеќе не е во мојот кревет. Не е ни во бракот“, изјавила Тори.

Ова објаснување следело не многу долго откако Тори поднела барање за развод од сопругот, а како причина наведени се ненадминливите разлики.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk