[ФОТО] Помладата биолошка ќерка на Анџелина и Бред порасна и е копија на татка си: Вивиен е слика и прилика на нејзиниот татко, еве како наликува

Точка

08/04/2024

10:01

23.645

Големина на фонт

а а а

Анџелина Џоли за време на викендот вила „уловена“ на улиците на Њујорк додека уживала во шопинг со својата ќерка Вивиен. Убавата актерка била во црно од глава до петици – се одлучила за елегантен, долг капут, додека симпатичната 15-годишна девојка избрала типичен тинејџерки аутфит – дуксер и широки фармерки.

Последниве години, Шајло Џоли – Пит, најстарата ќерка на познатата актерка и Бред Пит, е во фокусот на јавноста поради специфичниот имиџ и флертувањето со родовата припадност, но овој пат нејзината две години помлада сестра го украла вниманието.


Вивиен во јули оваа година ќе наполни 16 години, како и нејзиниот брат близнак Нокс, а оваа млада дама е вистинска мешавина од нејзините родители, иако повеќе наликува на нејзиниот татко. Додека 17-годишната Шајло е копија на Анџелина Џоли, особено ако ги погледнеме нејзините фотографии од раната младост, Вивиен потсетува на Пит.


Веруваме дека дефинитивно ќе биде вистинска убавица кога ќе порасне уште малку, а веќе има уметнички тенденции. Актерството е во нејзината крв, па не е ни чудо што веќе е заљубена во светот на филмот, а засега со истото се занимава зад камерите, односно започнала да се занимава со продукција.


Да потсетиме, Анџелина и Бред во бракот добија три деца – Шајло, Нокс и Вивиен, а посвоиле уште три – Медокс (22), Пакс (20) и Захара (19).

Неодамна адвокатскиот тим на актерката објавил дека таа физички била злоставувана од Пит и тоа пред добро познатата и медиумски покриена тепачка во септември 2016 година, за време на летот од Ница за Лос Анџелес.


Актерот ги негирал сите овие наводи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk