[ФОТО] Британка мислела дека спасила бебе еж, па непријатно се изненадила кога ветеринарката ѝ ја открила вистината

Точка

28/03/2024

20:34

15.572

Големина на фонт

а а а

Жена од Велика Британија се изненадила кога дознала дека бебето еж што го спасила од улица всушност не е живот суштество.

По зборовите на управителката на болницата за животни, Џенет Коце, неодамна ги посетила извесна љубителка на животни која тврдела дека на патот пронашла болно младенче од еж. Меѓутоа, самата вест дека пронашла бебе еж ја збунило управителката, со оглед дека сè уште е рано да ги најдеме во природата.

Жената тврдела дека во текот на ноќта внимателно го чувала животното за наутро да го однесе на преглед во ветеринарната станица. Таа дури се погрижила „ежот“ да го стави во кутија обложена со весник и да го нахрани. Но, не ѝ било воопшто чудно што неподвижното животно било лесно и немало остри боцки.

‘Sick baby hedgehog’ taken to veterinary hospital by worried animal lover found to be something VERY different | IMF614N...

Posted by BRAVE MAG on Wednesday 27 March 2024

Вработените во „Lower Moss Wood Nature Reserve & Wildlife Hospital“, која се наоѓа во градот Кнутсфорт (Велика Британија) во кутијата пронашле таканаречена „пуфка“ од зимска капа.

Управителката Коце изјавила дека не можела да поверува во она што го гледа кога открила дека всушност не станува збор за вистинско животно. Кога ѝ соопштила на госпоѓата за што се работи, таа се засрамила и ја напуштила болницата носејќи ја кутијата со себе.

„Ја отворив кутијата и не можев да поверувам на сопствените очи. Помислив: ’Тоа сигурно не е еж, можеби некој друг вид‘. Сфатив дека не е жив и го зедов, по што почувствував дека не е еж, ниту некое друго животно“, зборувала таа.

Ситуацијата ги насмеала вработените, а Коце одлучила да го фотографира „животното“ и да ја сподели приказната за тоа. Сепак, таа навела дека госпоѓата имала најдобри намери. Исто така, истакнала дека доколу видите еж на отворено во текот на денот – потребна му е помош.




Спонзорирани линкови

Маркетинг