[ФОТО] Ова е официјално најубавото село во Европа, а се наоѓа на Балканот: Монасите во замок стар 1.000 години и денес практикуваат медицина

Точка

23/04/2024

20:00

14.165

Големина на фонт

а а а

Селото Олимје во Словенија пред три години официјално беше прогласено за најубаво село во Европа.

Нереалната природна убавина, но и исклучителното културно и историско богатство, само дополнително придонеле да се добие оваа ласкава титула.

Прошаран со живописни ридови, се наоѓа на мапите на многу туристи, но она по што особено се истакнува е специфичниот замок, за кој се верува дека е стар околу 1.000 години.


„На ова место има замок, кој се споменува уште од 1015 година како летниковец на плиштајнските грофови, кои впрочем го изградиле. Сопствениците на замокот се менувале и по 500 години го презела германското грофовско семејство Татенбах. Тогашниот гроф Ханс, или Иван Татенбах според нас, го преуредил замокот и оттогаш изгледа вака.

Тој го преуредил во ренесансен стил во 1550 година. Замокот тогаш бил заграден со 4 тврдини и канал со вода кој го опкружувал. Тоа било направено со цел да се одбранат од Турците кои во овие предели минувале од југ кон север на својот пат кон Австрија и Виена.

Меѓутоа, историјата ни кажува дека таа одбрана не била потребна, со оглед на тоа што дворецот, скриен во долината – Турците не го пронашле воопшто“, раскажува еден од малобројните монаси на овој манастир, фратар Јоже Стројин.


Тој додал дека еден век подоцна, околу 1660 година, замокот бил преуреден во манастир. Во него тогаш живееле монаси Паулини, кои се населиле од Лепоглава кај Вараждин. За време на нивниот живот во манастирот, Паулините почнале да ја градат црквата, која била завршена во 1675 година. Изградена е во барокен стил и е посветена на Успение на Пресвета Богородица.


Овие монаси биле познати по тоа што практикувале древна медицина, но за свои потреби и тоа било запишано во нивните животни правила. Така, било пропишано дека манастирите мора да имаат една просторија која ќе биде аптека, но и една посебна просторија во која ќе бидат сместени болните. И ден-денес фрањевските монаси ги негуваат и чуваат тајните на древната медицина, а на ова место останала зачувана една од трите најстари аптеки во Европа.


„Таа просторија на латински се нарекувала „inframaria“, што значи болница. Ние, таа просторија во која своевремено се наоѓала аптеката ја нарекуваме стара аптека и служи само како музеј кој може да го посети секој кој доаѓа во манастирот. Зошто тоа е важно за нас и за Словенија? Велат дека тоа е првата најстара зачувана манастирска аптека во Словенија и трета во Европа. Првата, односно најстарата се наоѓа во Париз, втората во Дубровник и третата е нашата во Олимје, Словенија. Аптеката е основана во втората половина на 17 век. Не се знае точната година. Кажавме дека Паулините дошле во 1663 година, така што аптеката не била претходно основана бидејќи грофовите не се занимавале со тоа, но сигурно е постара повеќе од 300 години“, зборувал фратарот Јоже Стројин.


Тој уште додал дека монасите Паулини пред дворецот засадиле градина со лековити билки, на чие место и денес се наоѓа градина од која монасите сè уште користат растенија и денес во работата како што е правење чај, мелеми, креми и масла. Тоа значи дека и денес во склопот на манастирот се наоѓа аптека во која може да се пронајде потполно природен, хербален лек за многу болести кои го мачат модерниот човек.




Спонзорирани линкови

Маркетинг