[ВИДЕО] 4 милиони прегледи: Трчал на лондонскиот маратон и пропратно испил 25 чаши вино

Точка

26/04/2024

17:49

4.549

Големина на фонт

а а а

На социјалните мрежи се шири вирално видео од Лондонскиот маратон на кое еден од натпреварувачите е забележан како пие вино, чаша по чаша.

Том Гилбеј, инаку трговец со вино, а сега и вирална сензација откако го објавил видеото кое е прегледано повеќе од 4,2 милиони пати, а на кое се гледа како пие чаша вино на секои два истрчани километри. Со желба да си постави дополнителен предизвик, тој ги погодил видот на виното, земјата на потекло и бербата.

Изборот на вина бил разновиден, од оние штоможе да се купат на бензинските пумпи, па сè до врвни вина. Гилби трката ја завршил за 4 часа и 41 минута, вклучително и застанувања.


„Тоа беше одличен ден“

„Бев потполно исцрпен, целосно „сварен“, но тоа беше одличен ден“, изјавил.

Инаку, тој се одлучил на овој подвиг со цел да собере пари за неговата хуманитарна институција „Sobell House“ во Оксфорд, која се грижела за неговата мајка кога била на умирање, а успеал да собере 14.000 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг