[ВИДЕО] Се шири вирална пародија: Јелена Ѓоковиќ како Ристана од „Среќни Луѓе“

Точка

25/04/2024

17:04

4.786

Големина на фонт

а а а

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена, неодамна блеснаа на црвениот тепих на „Laureus World Sports Awards“ во Мадрид, а „Vogue Adria“ снимиле како изгледаат подготовките на парот за црвениот тепих.

Недолго потоа на социјалните мрежи осамнала пародија на видеото на кое Јелена со виклери на главата разговара со Новак. Имено, некој го додал звукот на сцената на Ристана и Аранѓел од српската серија „Среќни луѓе“, во која тој ја фали нејзината фризура.


Видеото за само еден ден собрало повеќе од 35 илјади лајкови, а успеало да ја насмее и Јелена, која го споделила на своето Инстаграм стори.




Спонзорирани линкови

Маркетинг