[ВИДЕО] Французинка се преселила на Балканот и конечно сфатила: „Заборавете на кошарката, фудбалот или тенисот – овде ова е спортот број еден“

Точка

23/04/2024

21:55

16.027

Големина на фонт

а а а

Французинката Ејми која поради љубов се преселила во Сараево, Босна и Херцеговина, на својот „ТикТок“ профил „Crna.lutka“ објави дека почнала да се занимава, како што вели таа, со „спортот бр. 1 на Балканот“ – пиењето кафе, пренесува „Нова.рс“.

Во видеото кое стана вирално, таа се пошегува и рече дека го открила новиот спорт на Балканот за кој вели дека е спорт број еден на Балканот.

„Заборавете на кошарката, фудбалот и тенисот, бидејќи овој спорт се вика ’ајде на кафе‘. Настрана шегата, ми стана омилен спорт во светот“, вели Ејми, а потоа ги запознава луѓето со правилата.


„Луѓето овде од ведро небо се јавуваат на кафе, не ги ни планираат деновите однапред. Само праќаат порака и тоа е тоа“, се чуди Французинката.

Таа ги поканува во овој дел од светот сите што сакаат да пијат кафе и уживаат во огромно секојдневно дружење.

„Се разбира, ако никој друг не може, оди сам. Луѓе мои, овде на секои 100 метри има по едно кафуле“, продолжува таа.

Тоа што дополнително ѝ се допаднало на тиктокерката е дека кафето тука е многу евтино.




Спонзорирани линкови

Маркетинг