[ВИДЕО] Ги запрашале Белграѓанките што е најубавото нешто што им го кажал некој маж, а одговорите ги засмеале сите: „Не ми приоѓаат, а камоли да ми дадат комплимент“

Точка

27/04/2024

11:46

6.485

Големина на фонт

а а а

Екипата на српски „Блиц“ во срцето н Белград застанала неколку жени и им го поставила истото прашање: „Кој е најубавиот комплимент кој го добиле од маж?“.

Одговорите биле разновидни и откривале подлабоки слоеви на женските очекувања, желби, а понекогаш и сомнежи.

Една од жените, изразувајќи ја својата желба, изјавила дека би сакала маж да ѝ каже дека е паметна, но истакнала дека овие комплименти ретко доаѓаат од машката уста. Друга, пак, споделила дека најмногу сака кога некој ќе ѝ каже дека добро изгледа за своите години.

Ја сретнале и познатата писателка и новинарка Весна Дедиќ, која споделила исклучително моќен комплимент кој го добила:

„Еден маж ми кажа дека секогаш прво ме гледа мене, а дури подоцна фустанот што го носам!“.


Но, некои одговори укажувале на недостаток на внимание и пристап. Извесна девојка се пожалила дека не добива никакви комплименти од мажите, посочувајќи дека понекогаш би било доволно само да пријдат, што е исто така реткост во денешно време.

Друга, пак, признала дека нејзиното момче секојдневно ѝ кажува нешто слатко, но по изречениот комплимент, таа признала дека сепак тоа ѝ било малку „cringe“.


Понатаму, една дама открила дека мажите често ѝ говорат дека е автентична, единствена и посебна, но изразила сомнеж дали таквите комплименти се искрени или само дел од вообичаениот „bullshit“ репертоар кој го користат повеќето мажи.

На крајот, сретнале дама која себеси се нарекла „старица“ и изјавила дека сите комплименти биле одамна, како и дека повеќе не се сеќава на нивната содржина. Таа додала дека сега е во животна фаза каде што си е доволна сама на себе.

Напишете во коментари кој е најубавиот комплимент на кој се сеќавате и што би сакале да слушнете?




Спонзорирани линкови

Маркетинг