5 проекти од типот направи сам, кои ќе ви го направат дворот прекрасно катче за одмор

Точка

27/03/2024

10:54

5.026

Големина на фонт

а а а

Пролетта пристигна – деновите се подолги, а времето потопло. Тоа значи дека почнува сезоната на уживање во градината или терасата. Доколку живеете во зграда, сега е вистинско време да посветите внимание на изгледот на терасата и да ја претворите во прекрасно катче за пиење кафе, а доколку сте во куќа, веројатно веќе размислувате како да го разубавите дворот.

Топлото време во текот на зимата веќе ги раззелени дрвјата, па сè околу нас укажува на тоа дека е идеално време за уживање во градината. Сепак, тоа што останало од зимата треба да го исчистите пред да почнете да планирате нешто ново.


Откако ќе завршите со пролетната генералка може да се посветите на нов „направи сам“ проект со кој ќе создадете уште поубаво катче за одмор. За тоа ќе ви треба разновиден алат. Доколку старите алати се дотраени, направете список и обезбедете нови. Мора да имате одлична дупчалка, основен рачен алат, како и алат за мерење.

Откако ќе ги набавите овие, а, по потреба, и други елементи потребни за соодветниот проект, може да направите план и да почнете со работа. Доколку немате идеја што да направите, погледнете ги нашите предлози и употребете некој од нив.

1. Закачете лежалка и уживајте во зајдисонцето

Популарната лежалка, која сите деца ја обожаваат, е одлична идеја за ова лето. Лежалката, уште позната како хамок, ја има во различни варијанти, величини, дизајн и бои. На нашиот пазар може да најдете различни типови, а некои од нив со сигурност ќе одговараат совршено во вашиот двор.

Традиционално, лежалките се закачуваат на две доволно раздалечени дрвја, но модерните верзии хамоци нудат повеќе опции. Покрај цврсто врзување на јажињата за два одделни краја, можете да ги закачите на стреата од терасата.

Оваа идеја е сè попопуларна кај нас, па многумина ги инсталираат ваквите лежалки и во некои од собите во домот. Доколку ви дозволуваат стилот и ентериерот, можете да ја користите лежалката во лето надвор, а во зима внатре во домот.

Сè што треба да направите е да направите дупки во таванот и да додадете по една метална кука, која ќе биде цврста и ќе издржува соодветна тежина. На ваков начин ќе можете да се нишате под сенката на дрвјата и да уживате во прекрасното зајдисонце.

2. Направете куќичка за птици за целодневна песна

Постојат две опции кога сакате да направите куќичка за птици – да ја наравите сами од штици или да купите веќе направена, која само ќе ја монтирате на соодветно место во дворот.


Птиците сакаат природа и зеленило, па најдобро е тоа да го направите на некое од дрвјата во дворот или да одберете соодветно место во градината каде што ќе забодете дрвен колец или метален столб на кој ќе стои куќичката.

Без разлика дали куќарката е веќе готова или ќе ја правите сами, доволни ви се само чекан и клинци. Секако, не е лошо да имате искуство во правење куќарка, но дури и да немате никакво, ваквиот потфат воопшто не е сложен и сигурно ќе направите нешто прекрасно.

3. Направете држач за саксии од стари палети

Голема е веројатноста дека некаде во подрумот, во оставата или во оној дел зад куќата каде што стојат нешта што не ги користите, веќе имате една или повеќе палети. Нема како да ги отстраните бидејќи се големи, а нема ни како да ги искористите низ градината и во домот.

Доколку сте љубител на цвеќиња, искористете ги палетите за да направите прекрасен држач за саксии. Обезбедете држачи, како и нови саксии, кои ќе изгледаат совршено закачени на палетите. Доколку сте подготвени за повеќе работа, добро истругајте ги палетите, премачкајте ги со бојата што ви се допаѓа, а ќе го заштити дрвото, и направете прекрасно катче со цвеќиња.

4. Поставете светилки што ќе направат совршен вечерен амбиент

Само замислете прекрасна мајска вечер во која дува пријатен ветрец додека вие сте истегнати на лежалката во дворот, а над вас светилките што сте ги наместиле истиот ден, сосема доволно ги осветлуваат плочникот и цвеќињата за да уживате во глетката.

Ваков амбиент може да имате со само малку труд. Обезбедете приклучок за електрична енергија каде што ќе ги вклучите светилките и наместете јаже или конструкција од жица на која ќе лежат. Не заборавајте да пронајдете линиски поставени светилки за градина, но при нарачувањето треба да знаете дека ќе ги добиете само жиците и приклучокот, но не и самите светилки.

5. Опколете ја терасата со висечки цвеќиња

Уште една идеја во која главен збор имаат цвеќињата – овој пат висечките. Бегонии, петунии, бунгевилии, бршлен, украсни коприви, гераниуми и други, се идеални за оваа намена. Одберете долги саксии, кои ќе ги наредите на терасата, и засадете некои од овие видови за да добиете прекрасен изглед.


Сите овие видови цвеќиња бараат различен третман и изгледаат поинаку, па добро размислете пред да засадите што било. Некои од нив бараат повеќе сонце, а некои помалку. Некои сакаат повеќе вода, а некои помалку. Нечии корења се плитки, а нечии подлабоки, па може да бидат откорнати од ветрот доколку не се соодветни за местоположбата.

Направете прекрасна тераса или градина

Секоја од овие идеи ќе „легне“ одлично на терасата или градината доколку ви се допаѓа. Можете да ги употребите сите пет идеи и да направите вистинско царство од зеленило и комфор.

Сите идеи бараат сосема малку труд и напор, па не двоумете се да ги направите доколку ви се допаѓаат. Нарачајте соодветен алат за вашите „направи сам“ проекти и уживајте во новиот изглед на градината.

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг