Ставете ја оваа намирница во земјата и вашите растенија ќе цветаат постојано: За раскошни цветови и поубава тераса ви е потребно многу малку време

Кармин

21/03/2024

15:13

17.662

Големина на фонт

а а а

Без оглед на тоа дали вашиот дом го разубавуваат петунии, бегонии или некои други цветови, овој трик сигурно ќе ви послужи, а не бара речиси нималку труд.

Пролетните денови се совршен момент да ги разубавите вашите градини или тераси со нови растенија и да им дадете нов живот на старите домашни растенија со правилно ѓубрење, полевање и нега.

Приспособувањето на земјата е нешто што е потребно за во секоја градина – ниското ниво на макро и микро хранливи материи може да доведе до гниење на цвеќето, хлороза и намалено произведување на цветовите.


Градинарите кои се наклонети кон органското одгледување на растенијата се вртат кон природните извори за вообичаените проблеми со нутриентите во тлото, а еден од најпопуларните трикови е користење на јајцето како ѓубриво.

Сигурно ви е познато дека лушпата од јајце се користи како прихрана, но дали сте знаеле дека можете да употребите и цело јајце?

Ѓубрење со јајце

Нашите предци немале пристап до земјоделски аптеки и модерни формулации за дохранување на растенијата и земјиштето, па се потпирале на компостирање за да ги ѓубрат растенијата.

Јајцето содржи високо ниво на калциум кој е важен минерал за растенијата, особено за овошјата и зеленчукот. Јајцето ќе го пренесе калциумот во земјата, што може да го реши проблемот со гниење на цветовите.

Како да ја наѓубрите земјата со цело јајце?

Прво, важно е да бидете сигурни каква pH вредност е вашата земја затоа што премногу азот или прениско ниво на pH ќе спречи калциумот од јајцето правилно да се апсорбира.


Затоа се користат лесно достапните домашни мерачи на pH вредноста на тлото. Типично, pH во висина од 6-7 се смета за најдобра затоа што тоа е благо-кисела средина.

Потоа јајцето се закопува во земја, доволно длабоко што над земјата не треба да се шири мирисот од јајцето при неговото распаѓање, особено доколку тоа го правите во градината со оглед на тоа што мирисот може да привлече и глодари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk