Таа е најбогатата жена на светот: „Тешка“ е над 100 милијарди долари, а 4 часа дневно задолжително ги поминува во оваа активност

Кармин

14/03/2024

10:42

30.284

Големина на фонт

а а а

Франсоаз Бетенкорт Мајерс е наследничка на царството за убавина „L'Oréal“, а „тешка“ е повеќе од 100 милијарди долари.

Имено, благодарение на своето богатство, оваа 70-годишна жена станала првата жена милијардер на светот.

За својот „скок“ на врвот Франсоаз може да се заблагодари на порастот на вредноста на акциите на својата компанија од 35 отсто од почетокот на годината до денес.


Таа според листата на „Bloomberg“ индексот на милијардери, е првата жена на светот чија вредност надминува 100 милијарди долари, а акциите на нејзината компанија минатиот четврток достигнале рекордна вредност.

Нејзиното семејство има околу 35 отсто удел во фирмата, што ги прави најголемите акционери во компанијата која ја основал нејзиниот дедо во 1909 година.

Таа наследила десеттина милијарди долари, како и имот како, вила кога нејзината мајка Лилиан Бетенкурт починала во 2017 година, а околу нејзиното наследство семејството влегло во конфликт.


Франсоаз инаку е позната како многу повлечена личност. Деновите ги поминува дома, читајќи или свирејќи клавир со часови, известил „Vanity Fair“ во 2017 година. Исто така таа е авторка на две книги: студии за Библијата во пет томови и генеалогија на грчките богови.

Втора најбогата жена на светот моментално е Американката Елис Волтон, наследничка на уште едно малопродажно царство „Walmart“. Но, нејзиното богатство многу заостанува зад првата на листата и изнесува 70 милијарди долари.


Иако богатството на Бетенкорт Мајерс достигнало 100 милијарди долари, што ја прави 12 најбогата личност на светот, нејзиното богатство сѐ уште е зад колегите на францускиот трговски могул Бернар Арно.

Арно, основач на „LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton“ е втората најбогата личност на светот, после Илон Маск со нето богатство од 179 милијарди долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk