Славниот актер кој стапил во брак со 25-години помладата актерка за по раѓањето на нивните деца да ѝ приреди невиден срам: Јавно ја обвинил дека е виновна за неговиот канцер

Кармин

05/03/2024

20:30

21.716

Големина на фонт

а а а

Ноќта кога Мајкл Даглас првпат ја сретнал Кетрин Зета Џонс, во 1998 година, ѝ рекол: „Ќе бидам татко на твоите деца“, што подоцна се покажало вистинито. Нивната љубов трае со децении, надминувајќи и сите препреки, меѓу кои и разликата од 25 години во возраста, дијагнозата на рак и кратката разделба во 2013 година – што ги прави еден од најстабилните парови во Холивуд.

Имено, парот е во брак од 2000 година, а заедно добиле две деца – синот Дилан и ќерката Керис. Иако разликата меѓу нив е 25 години и пропратена со многу злобни коментари, се вистински показател дека злите јазици воопшто не ги допираат.


Меѓутоа, во нивниот однос не било се така хармонично, тие во 2013 година имале голема брачна криза, кога нивниот брак бил пред распаѓање. Земајќи ги предвид сите испади на Даглас, се чини дека Кетрин претрпела и простила многу – сè за да опстане нивниот брак.

Таа родила две деца – синот Дилан и ќерката Керис, меѓутоа, нему ни тоа не му било доволно за да ја почитува, а направил и скандалозна работа за која набрзо се покајал.


Имено, Кетрин била покрај Мајкл кога тој се борел со карциномот на грлото, за кој проговорел подоцна. Во 2015 година, актерот изјавил дека жали за неговите изјави поврзани со ракот о интервјуто кое го дал за „The Guardian“.

Двократниот оскаровец тогаш раскажал дека неговата болест можеби е предизвикана од давањето орален секс, за што ја обвинил својата сопруга. „Тоа беше една од оние непромислени работи и зажалив за срамот кој го предизвикав на Кетрин и нејзиното семејство“, зборувал подоцна.


Неговата изјава наводно била причината за разговорот за развод кој го иницирала Зета-Џонс.

Парот доживеал тешки моменти и поради биполарното растројство на актерката. Се карактеризира со големи депресивни епизоди со наизменични хипоманични епизоди.

Депресијата се манифестира со поголем интензитет од манијата. За време на напад од хипоманија, расположението се подобрува, потребата за сон се намалува, а психомоторната активност се забрзува.


Поради ова, Кетрин еднаш дури престојувала и во психијатриска клиника и се оддалечила од работата и сè што би ѝ предизвикувало стрес.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk