Најдобриот руски астролог вели дека овие два знаци во март ќе „пливаат во пари“: Парите ќе им „паѓаат од небо“ и ги очекуваат неочекувани, големи добивки

Точка

26/02/2024

19:42

20.895

Големина на фонт

а а а

Познатиот руски астролог Павел Глоба тврди дека во март два знаци од Зодијакот ќе имаат повеќе среќа од сите други, кога станува збор за финансиите и парите.

Имено, тој истакнал дека материјалниот аспект од нивниот живот ќе биде многу изразен, и тоа во позитивна смисла, во текот на првиот пролетен месец и дека може да очекуваат неочекувани добивки.

Хороскопот за месец март 2024 година најмногу ќе ги израдува Овните и Стрелците, зборува Глоба.


Овен

Секоја работа што ја правите ќе вроди со плод и ќе донесе одлични резултати. Во март во раце ќе ви „падне“ огромна сума на пари, а најверојатно изворот ќе биде некој друг, односно нема сами да ги заработите. Тоа може да биде враќање на неочекуван долг, наследство од далечни роднини, добивка на лотарија, скап подарок или нешто од тој тип.


Стрелец

Стрелците ќе можат да го монетизираат своето хоби и ќе имаат можност да го претворат во вистински, профитабилен бизнис. Ова може да биде вашата работа од соништата, која ќе ви донесе подобра заработка, но и повеќе радост.

Стрелците кои се исклучително вредни и веќе заработуваат големи суми, во март имаат можност да стекнат вистинско богатство. Затоа, искористете ја секоја прилика и воспоставете важни познанства – сето ова ќе ви се исплати.


Тамара Глоба, уште еден познат руски астролог, инаку поранешна сопруга на Павел Глоба, навела дека во месец март Рибите ќе имаат најмногу среќа во севкупна смисла. Ќе ги следи високо ниво на енергија, ќе имаат многу самодоверба и ѕвездите ќе им ги отвораат сите патишта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk