[ФОТО] Ова е наследникот на контроверзната убавица, кој го добила со синот на своето момче: Со него се гордее, додека ќерката од политичарот вешто ја крие од јавноста

Кармин

23/02/2024

19:00

14.203

Големина на фонт

а а а

Една од најубавите жени на сите времиња, Карла Бруни, освен по својата извонредна убавина, позната е и по бурниот љубовен живот кој редовно ги полнел страниците на таблоидите, особено кога се забавувала со Жан Пол Ентовен, кој бил угледен новинар.

Причината била што набрзо се дознало дека таа чека дете со неговиот син, со кој подоцна била заедно цели 9 години. Разбирливо, оваа вест била шок за јавноста, но Бруни не ја засегало мислењето на другите.

Raphael Enthoven and Carla Bruni...

Posted by Molnár Ferenc on Monday, 19 November 2012

По крајот на оваа врска, била поврзувана со бројни моќници, сè додека не се смирила покрај поранешниот француски претседател Никола Саркози, на кого му родила ќерка.

Меѓутоа, за сите овие години фотографиите од нејзината наследничка можат да се избројат на прстите од двете раце, додека потполна спротивност е кога станува збор за нејзиниот син Орелиен.


Некогаш познатата манекенка често ги споделувала неговите фотографии, не криејќи колку е горда на него.

Неодамна имала причина повеќе да се пофали на светот кога споделила фотографии од неговото дипломирање на престижниот „Универзитет Колумбија“ во Њујорк, каде студирал политички науки.


Орелиен позирал со својата диплома, а сличноста на славната мајка и синот е неверојатна. Истовремено, покрај кариерата во политикологијата, Орелиен ја „брка“ и манекенската, исто како што тоа некогаш го правела неговата славна мајка.


Тој веќе има неколку ревии во моделингот, а меѓу нив посебно се издвојува ревијата за престижната италијанска модна куќа „Versace“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk