[ФОТО] Моника Белучи не престанува да воодушевува: На 61 година изгледа едноставно неверојатно

Кармин

29/06/2026

09:22

1.130

Големина на фонт

а а а

Италијанската дива Моника Белучи уште еднаш докажа дека годините се само бројка за неа, засенувајќи ги сите присутни на филмскиот фестивал во Франција. Во гламурозен црн фустан, 61-годишната актерка со леснотија ги привлекла сите погледи на баскискиот брег.

Култната филмска ѕвезда се појавила на четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Biarritz Film Festival“. Иако на настанот присуствувале многу познати лица, вклучувајќи ја претседателката на жирито Кристен Стјуарт и Марион Котијар, италијанската икона на убавината го украла шоуто.


За прошетка по сончевиот француски брег, Белучи избрала долг црн фустан во со екстремно длабок шлиц кој суптилно ја нагласил нејзината фигура. Едноставната, но впечатлива креација со долги ракави ја надополнила со црни чевли со платформа, темни очила за сонце и структурирана мини чанта.



Крајот на љубовта со познат режисер

Нејзиното беспрекорно појавување на црвениот килим доаѓа неколку месеци по нејзиното официјално раскинување со легендарниот режисер Тим Бартон.


Двојката беше во врска од 2022 година до септември минатата година, а останале во пријателски односи. Во тоа време, актерката искрено признала за италијанскиот Вог дека Бартон засекогаш ќе има посебно место во нејзиното срце. Сликовито ја опишала нивната врска како патеки што се сретнале во еден момент, оделе заедно некое време, а потоа повторно се разделиле.



Раскинувањата во нејзиниот приватен живот и љубовните врски очигледно не го забавиле нејзиното професионално темпо. Обожавателите наскоро можат да ја очекуваат во новиот филм „Ketticè“ од италијанскиот режисер Џовани Торторичи, на кој работел и Лука Гвадањино. Приказната се одвива во Палермо во 2012 година, а Белучи ја игра улогата на глава на аристократско сицилиско семејство.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk