[ФОТО/ВИДЕО] Вселенска галаксија на 29 години стар фустан: Бајковитиот стајлинг на Зендеја со детаљ од пајакова мрежа го воодушеви Лондон

Кармин

26/06/2026

17:36

549

Големина на фонт

а а а

Зендеја и нејзиниот сопруг Том Холанд во моментов го промовираат филмот „Spider-Man: Brand New Day“, а младата актерка уште еднаш потврди зошто е една од најпопуларните ѕвезди на денешницата.

Како и пред неколку месеци, кога го промовирала филмот „Drama“, во кој глумела со Роберт Патинсон, па со модниот избор на премиерите ја „следеше“ темата на филмот, така и сега одлучила публиката и медиумите да ги „почести“ со стајлинзи во знакот на Спајдермен.


Така, синоќа во Лондон на премиерата на филмот се појавила во винтиџ креација на Џон Галијано од 1997 година и ги воодушевила сите.

Долгиот фустан го откривал грбот, кој бил покриен со впечатлив метален детаљ во форма на пајакова мрежа, а во неговата средина се наоѓал пајак украсен со дијаманти.


Покрај овој сребрен детаљ, фустанот го краселе ситни приврзоци во форма на ѕвезди, месечина, срце и детелина, кои дополнително ја нагласиле бајковитата естетика на целото издание.


Од предната страна, фустанот имал тенки прерамки и ги спојувал темносината, виолетовата и белата боја, создавајќи впечаток на вселенска галаксија.


Асиметричните карнери дополнително ја нагласиле драматичноста на силуетата, додека црвените скапоцени камења и златните ѕвездички на работ на фустанот го заокружиле имагинативниот дизајн.


Овој необичен фустан Зендеја го надополнила со салонки на Кристијан Лубутан со висока потпетица, како и со дијамантски накит од колекцијата на Тифани и Ко.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk