Шерон Стоун се врати на модната писта по повеќе од три децении. Познатата 68-годишна актерка ја изненади публиката кога во петокот, на 26 јуни, се појави на ревијата на машката колекција на брендот „Vetements“ за пролет/лето 2027 година, одржана во рамки на Париската недела на модата.
Стоун се прошета по пистата во оверсајз бело сако, под кое носела црна кошула со и бела вратоврска. Изгледот го надополнила со високи црни чизми од латекс до бутовите, додека косата ѝ била стилизиран во боб-фризура.


Последен пат на пистата се појавила во октомври 1993 година, исто така во Париз. Тогаш ја затворила ревијата на Валентино за сезоната пролет/лето 1994 година, облечена во бел мини-елегантен фустан, чипкасти хулахопки и шешир со вел кој се спуштал до подот.
Стоун со години била блиска пријателка со дизајнерот Валентино Гаравани, а по неговата смрт во јануари, на 93-годишна возраст, се простила од него со емотивна објава на Инстаграм. „Ти благодарам за твојот талент, твојата визија и пријателството. Почивај во мир“, напишала покрај заедничката фотографија од Филмскиот фестивал во Кан во 1995 година.


Актерката неодамна се појавила и во третата сезона на серијата на HBO „Еуфорија“, која заврши кон крајот на мај. Во разговор за „Variety“ изјави дека смета оти серијата треба да биде задолжителна за гледање за родителите и младите.
„Мислам дека тоа е најдобрата серија на телевизија“, рекла Стоун. „Ги запознавме тие деца, ги гледавме како растат во млади луѓе, како се борат со зависности и тешки животни ситуации. И јас самата поминав низ тоа во моето семејство…“, истакнала таа.

Актерката нагласила и дека серијата е исклучително реална: „Еуфорија е многу релевантна. Мислам дека треба да ја гледаат и родителите и тинејџерите“.
Во емисијата „CBS Mornings“ дополнително го објаснила својот став. „Имам три сина кои поминаа низ тој период од животот и мислам дека сите родители треба да ја погледнат серијата. Тоа е она што навистина се случува во светот“, порачала Стоун.