Едноставен и освежителен десерт што освојува со вкусот: Испробајте штрудла со вишни и гриз

Кармин

01/07/2026

21:40

188

Големина на фонт

а а а

Штрудлата со вишни и гриз е еден од оние традиционални десерти што кај многумина будат спомени на детството и мирисот на домашните колачи од кујната на баба.

Спојот на крцкави кори, сочни вишни и кремаст фил од гриз го прави овој колач одличен избор за семејни собири или слатка закуска со кафе. Подготовката е едноставна, а резултатот е вкусна и ароматична штрудла на која тешко може да ѝ се одолее.

Потребни состојки:

• 3 јајца
• 180 мл. кисела павлака
• 2 чаши шеќер
• 100 мл. масло
• 2 чаши гриз
• 2 чаши јогурт
• 1 прашок за печиво
• 2 ќесички ванилин шеќер
• рендана кора од еден лимон
• 500 гр. готови кори за пита
• 500 гр. исчистени вишни


Подготовка:

Во поголем сад изматете ги јајцата, а потоа додајте ги киселата павлака, шеќерот, јогуртот, гризот, маслото, прашокот за печиво, ванилиниот шеќер и ренданата кора од лимон. Добро соединете ги сите состојки додека не добиете мазна смеса.

На работната површина ставете една кора и рамномерно премачкајте ја со подготвената смеса. Врз неа ставете втора кора и повторно премачкајте ја. Врз втората кора распоредете ги исчистените вишни, а потоа внимателно завиткајте ја во штрудла и префрлете ја во плех обложен со хартија за печење.

На истиот начин подгответе ги и преостанатите штрудли. Откако ќе ги наредите во плехот, премачкајте ги со преостанатата смеса за при печењето да добијат убава златна кора.

Печете ги штрудлите во претходно загреана рерна на 200 степени околу 35 минути, односно додека не добијат убава златно-кафеава боја. Послужете ги топли или изладени, по желба наросени со шеќер во прав. На здравје!


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk