Ова е листата на најретки датуми на раѓање: Еве на кои денови во годината на свет доаѓаат најмалку бебиња

Кармин

25/01/2024

16:00

22.447

Големина на фонт

а а а

Општо е познато дека луѓето кои се родени на 29 февруари го имаат најреткиот роденден на светот. Или барем така тврдат истражувачите кои стојат зад „World of Statistics“ кој на социјалните мрежи носи интересни математички пресеци од секојдневен живот.

Да славите роденден на 29 февруари е вистинска реткост. Ова не е изненадување кога станува збор за овој датум, зошто тој се појавува во текот на секоја престапна година, односно на секои четири години.

Со оваа оцена се согласува и „World of Statistics“ којшто ја објавил листата на најчести родендени во светот, а токму 29 февруари се нашол на последно место.

На листата најретки родендени на светот често се наоѓаат државни празници. Католички Божиќ или 25 декември е вториот најредок датум за роденден на светот, а следи 1 јануари, односно Нова година.

Овие датуми во добар дел од западниот свет се сметаат за неработни денови, тогаш во болница работат само дежурните доктори и децата се раѓаат само по природен пат. Доколку докторот треба да закаже породување со царски рез однапред, ќе го направи тоа пред или после божиќните празници.

Иако крајот на ноември и декември е популарно време за зачнување, во овој период воопштено се раѓаат помал број на деца за што говори и оваа студија. Спроти тоа, септември е месец во којшто се раѓаат најголем број деца.

Дали сте меѓу оние кои имаат најредок роденден на светот? Во продолжение откријте кои се 10-те датуми во годината кога се раѓаат најмалку бебиња.

29 февруари

25 декември

1 јануари

24 декември

4 јули

2 јануари

26 декември

27 ноември

23 ноември

25 ноември



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk