Божиќниот кактус е најкаприциозниот цвет на светот затоа што цвета кога сите други венеат – 7 совети како да го негувате

Кармин

27/12/2023

13:45

5.688

Големина на фонт

а а а

Доколку сте го добиле за подарок овој прекрасен цвет, тогаш направете сѐ за да го одржите во живот за да цвета подолго време.

Тешко е да поверувате дека постои цвет којшто толку малку сака сонце, а толку многу вода. Сепак, постои и се вика Божиќен кактус или декември поради склоноста да цвета во ноември и декември.

Доколку сакате овој цвет да го краси и вашиот дом, еве како да го негувате:

1. Запомнете дека ова растение сака индиректна светлина. Температурата на воздухот мора да биде најмалку 15 степени Целзиусови.

2. Кога ќе дојде летото, овој цвет ставете го на тераса или балкон затоа што му треба воздух. И, не заборавајте секој ден да го полевате со вода.


3. Ова растение спаѓа во каприциозен цвет којшто не смее да се допира во сезоната на цветање – доколку во текот на цветањето ја преместите саксијата или ја свртите, тогаш растението ќе престане да цвета.

4. Кога ќе дојде пролет, на растението треба да му ставите ѓубриво за цвеќиња. Растението најмногу ќе расте во текот на летото, па тогаш треба да му ставите двапати месечно ѓубриво. Во септември престанете да ставате ѓубриво.

5. Никогаш не кастрете го со ножици или нож туку тоа направете го со рака. Растенијата кои се формираат на овој начин, поубаво и побогато цветаат.

6. Ова растение се пресадува кон крајот на февруари кога конечно ќе престане да цвета.

Важна напомена: младите растенија пресадете ги еднаш годишно, а постарите еднаш на пет години. Саксијата нека биде плитка и широка.


7. На почеток на декември овој цвет ставете го во добро осветлена просторија, но никако не на директна сончева светлина. Така ќе го „разбудите“ и бујно ќе цвета.

Совет плус:

Кога растението ќе престане да цвета, постепено намалувајте го неговото полевање со вода, ставете го на ладно и темно место до крајот на март. Дозволете му да „одмори“ до наредното цветање. Кон крајот на март за растението започнува вегетативниот период, па може да го ставите на вообичаеното место каде што го чувате.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk