Неверојатна револуција на убавината: Славни жени над 50-та без шминка и со седа коса испратија важна порака, а еден коментар објасни сè

Кармин

04/10/2023

13:15

5.001

Големина на фонт

а а а

Оскаровката Џејми Ли Куртис по појавувањето на Памела Андерсон без шминка на Модната недела во Париз, на Инстаграм напиша: „Револуција на природната убавина конечно започна.

Памела во текот на Париската модна недела и покрај огромниот притисок и очекувања, го зазела своето место без грам шминка на лицето. Импресионирана сум од овој чин и храброст.“


Недела на модата во Париз како еден од најпрестижните модни случувања, се стреми кон славење на убавината, вечната младост, а во некоја рака и површноста и издигнувањето на физичкиот изглед. Но, оваа година модниот настан беше во знак на целосна природност.

Андерсон, Енди Мекдауел и Хелен Мирен ставиле акцент на природниот изглед и природната боја на косата. Како што пишува „The Guardian“, трудот околу изгледот не излегува од мода, но последнава деценија, тивката „омраза“ кон стареењето значително се променила.


Симон де Бовар, француска авторка, филозоф и политичка активистка, во книгата „The Second Sex“ напишала дека сè уште се смета за храброст кога жената ќе се појави во јавност на ист начин како што се појавуваат и мажите на иста возраст.


„Мислам дека како старееме, сме сè посмешни. Сама на себе се смеам кога ќе се погледнам во огледало. Си помислувам – па ова мене навистина ми се случува? Човек треба да се привикне“, изјавила Памела за „Elle“ и додала дека се држи до својата одлука повеќе да не се шминка.

Енди Мекдауел во однос на природната коса изјавила: „Кога се решив на тој чекор, сфатив дека моите инстинкти не ме излажале, затоа што претходно никогаш не се чувствував моќно. Се чувствувам поискрено. Чувствувам дека не се преправам и дека се прифаќам себе си токму онаква каква што сум на местото на кое сум. Се чувствувам пријатно. И на многу начини, мислам дека сето тоа е повпечатливо на моето лице. Едноставно чувствувам дека тоа ми одговара“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk