Во документарната серија „The Super Models“, познатата манекенка открила што се случувало на почетокот на нејзината култна кариера и како од мал град во Илиноис стигнала на модните писти во Њујорк и Милано. Испливале детали од тоа интервју.
„Apple TV +“ ексклузивно на магазинот „People“ им дале увид во делови од серијата, па дознаваме дека Синди Крафорд го кажала следново: „Никогаш не ни размислував за манекенство“. На почетокот од разговорот со неа била прикажана нејзина фотографија од осумдесетите, од почетоците на кариерата“.
„Не ни знаев дека тоа е вистинска работа. Не знаев дека од Декалб, град во Илиноис ќе стигнам до магазините“, признала Синди Крафорд, која во 2016 година изјавила дека се повлекува од пистата.
Повремено ја гледаме во модни кампањи, на престижните ревии секогаш има место за неа, прашањето е само дали таа би ги прифатила овие соработки.
Прекрасната манекенка, Синди Крафорд, која била во брак со Ричард Гирт, пред камерите открила како нејзиниот татко реагирал на нејзиниот избор на професија: „Татко ми навистина не разбираше дека манекенството е вистинска кариера. Мислеше дека тоа е другото име за проституција. Па дојдоа со мене на моето прво интервју за работа“ (зборувала таа алудирајќи на нејзините родители).
Во документарната серија, покрај Синди Крафорд, зборуваат Наоми Кембел, Кристи Тарлингтон и Линда Евангелиста, кои исто така зборуваат за своите кариери. Серијата ја режирале Роџер Рос Вилијамс и Лариса Билс.
„Додека модната индустрија продолжува да се редефинира себеси и улогите на жените во неа – ова е ултимативната приказна за моќта и како 4 жени се обединиле и ја освоија модата, отворајќи го патот за оние кои дојдоа после нив“, пишувало во најавата.
Синди Крафорд е во брак со Ренди Гербер, со кого ги има ќерката Каја и синот Присли, кои се модели.