Рита Ора ги истакна извајаните стомачни мускули во костим за капење: Поради ова издание ја нарекуваат „најзгодна жена на планетата“

Кармин

21/08/2023

10:35

7.865

Големина на фонт

а а а

Британската пејачка Рита Ора се пофали со фотографии од одморот на кои позира во бикини, покажувајќи го импресивното тело.

Рита споделила со своите обожаватели неколку исечоци од нејзиното патување на Ибица, а потоа следеле фотографии во костим за капење.

Облечена во бикини, 34-годишната пејачка изгледала сензационално додека уживала во сончевиот ден на брод со сопругот и пријателите.

Покажувајќи ги своите затегнати стомачни мускули, Ора позирала во сребрен дводелен костим за капење, а ова издание го заокружила со крупен златен накит и пар очила за сонце.

„Најзгодна жена на планетата“, гласи еден од коментарите на ова издание на пејачката која воодушевува со својот физички изглед.

Британската пејачка со албански корени во своите појавувања во јавноста често бира проѕирни и тесни парчиња со кои го нагласува својот физички изглед.

Рита кон почетокот на август минатата година во тајност се венчаше со својот партнер, режисерот Таика Ваитити. Парот се венчаше на интимна церемонија во Лондон, а дури на првата годишнина од брак одлучија да споделат детали и фотографии од венчавката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk