Иако не е целосно јасно на што точно Орландо Блум се надоврзал, познато е дека актерот сам присуствувал на венчавката на милијардерот Џеф Безос и поранешната новинарка Лорен Санчез во Венеција.
Актерот Орландо Блум на својот Инстаграм профил на стори објавил пораки „нов почеток“ и „првиот чекор“. Загадочните пораки следеле по раскинувањето на врската со пејачката Кејти Пери, пишува „Page Six“.
Да ве потсетиме, парот бил во врска со прекини од 2016 година. Една година подоцна раскинале, па повторно биле заедно од 2018 година и се вериле во 2019 година. Ќерката Дејзи Дав ја добиле во август 2020 година.
„Секој ден е нов почеток. Она што го правиме денес е она што е најважно“, споделил Блум, а после тоа објавил уште еден цитат, овојпат од јапонскиот автор Даисака:
„Најважно е да го направите првиот чекор. Храброто преовладување на еден мал страв дава храброст да се соочиш со следниот“.
Иако не е целосно јасно на што точно Блум алудирал, познато е дека на свадбата на милијардерот Џеф Безос актерот присуствувал сам.
Наводно таму си поминал лудо и незаборавно, повторно се зближил со својот добар пријател Леонардо ди Каприо, а се забавувал и со членовите од семејството Кардашијан и актерката Синди Свини.
Сепак, Санчез дала до знаење дека мисли на Пери. Откако пејачката на Инстаграм наговестила дека е добро расположена додека нејзиниот поранешен партнер се забавува без неа, поранешната новинарка ѝ коментирала на објавата со зборовите:
„Ни недостасуваш Кејти“.