Како да не старее: Селма Хаек ги воодушеви фановите со фотографии во розов костим за капење

Кармин

25/07/2023

12:08

4.945

Големина на фонт

а а а

Селма Хаек овој викенд уживала во сонцето заедно со својот сопруг Франсоа-Анри Пино, а на Инстаграм се пофали со фотографии во розов костим за капење.

За многу краток рок, 56-годишната актерка добила стотина илјади лајкови на објавата, но и коментари и комплименти од воодушевените фанови.

На фотографиите Хаек ужива со сопругот во базенот и позира без грам шминка на неа. Во описот актерката напишала: „Уживам во прекрасниот благослов на сонцето, водата и љубовта“ и го додала хаштагот „благодарна“.

„Прекрасна си“, „Најубава жена на светот“, „Изгледаш неверојатно“, гласат коментарите од страна на фановите.

Актерката инаку често објавува фотографии во бикини и го покажува своето неверојатно тело, како и природната убавина.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk