Рецепт за чизкејк со лимон: Освежувачки залчиња кои ќе ве воодушеват

Кармин

16/06/2023

21:15

4.886

Големина на фонт

а а а

Чизкејкот отсекогаш бил популарен десерт затоа што брзо се подготвува и речиси не постои човек којшто не сака да го јаде.

Домаќинките најчесто го подготвуваат со малини или јагоди, а ние ќе ви го пренесеме рецептот со лимон.

Чизкејкот со лимон ќе ве воодушеви затоа што комбинацијата на вкусови е навистина неодолива.

Состојки:

- 300 грама мелени бисквити;
- 150 грама путер;
- 2 лимони;
- 400 грама крем-сирење;
- 200 грама слатка павлака;
- 100 грама шеќер во прав.


Состојки за прелив од лимон:

- 2 јајца;
- 2 жолчки;
- 150 грама шеќер;
- 100 грама путер;
- 1 лимон.

Подготовка:

Путерот ставете го на оган да се стопи, а потоа во него помешајте ги бисквитите.

Во плех на којшто сте ставиле хартија за печење рамномерно распоредете ја смесата од бисквити, цврсто притиснете ја и оставете ја на ладно место.

Кората од еден лимон изрендајте ја, па исцедете го сокот.

Павлаката изматете ја, па додадете го шеќерот, крем-сирењето и изренданата кора од лимон. Добиената смеса распоредете ја над кората од бисквити и ставете ја во фрижидер.


За тоа време подгответе го кремот од лимон.

Со миксер изматете ги јајцата, па додадете ги жолчките и шеќерот. Ставете ги во тенџере и варете на умерена температура. Кога смесата ќе се загрее, додадете го сокот од лимон и путерот, па варете додека не згусне.

Кога е готово кремот оставете го да се излади, па потоа ладниот чизкејк премачкајте го со него.

Пријатно јадење!



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk