Револуционерен успех на американските научници: Прв успешен пренос на енергија од вселената на Земјата по безжичен пат

Точка

06/06/2023

16:14

19.234

Големина на фонт

а а а

Успешниот безжичен пренос на соларна енергија од вселената е голем чекор напред во задоволувањето на растечките енергетски потреби на човештвото.

Калифорнискиот институт за технологија направил револуционерно постигнување во вселенскиот пренос на енергија. Нивните научници успешно ја пренеле соларната енергија од вселената на Земјата без употреба на жица, што се смета за прв таков потфат во светот.


Составот MAPLE работи

Експериментот е дел од проектот за соларна енергија на „Caltech“, а институтот објави успешен пренос во соопштението до јавноста. Истражувачите користеле „Microwave Array for Power-transfer Low-orbit Experiment (MAPLE)“, мал прототип на вселенски демонстратор на соларна енергија во орбитата (SSPD-1), односно сателит лансиран во јануари оваа година.

Во експериментите кои досега ги спроведовме добивме потврда дека „MAPLE“ може успешно да пренесува енергија до приемник во вселената. Исто така успеавме да ја програмираме низата да ја насочи својата енергија кон Земјата, нешто што го откривме тука во „Caltech“. Сега знаеме дека може да преживее патување во вселената и таму да работи – рекол Али Хајимири, ко-водител на Проектот „Space Solar Power“.


Како работи составот?

„SSPD-1“ е прицврстен на вселенскиот реморкер „Вигориде“ и се состои од две плочи кои се користат за собирање на соларна енергија. Низата предаватели во „MAPLE“ ја испраќаат таа енергија преку одредени далечини користејќи конструктивни и деструктивни интерференции.

„MAPLE“, кој е сместен на околу еден метар од својот предавател, има два приемници кои собираат сончева енергија и ја претвораат во истонасочна струја. Научниците ја демонстрирале точноста на низата со палење на ЛЕД диоди внатре во „MAPLE“ една по една, менувајќи го преносот меѓу приемниците. „MAPLE“ исто така има прозорец кој може да им овозможи на предавателите да емитуваат енергија кон мета надвор од вселенското летало, на пример кон Земјата.


Демократизација на пристапот до енергија

На ист начин на кој интернетот го демократизирал пристапот до информациите, се надеваме дека безжичниот пренос на енергија ќе го демократизира пристапот до енергијата. Нема да биде потребна никаква инфраструктура за пренос на енергијата на терен за да се примени оваа енергија. Тоа значи дека можеме да праќаме енергија во далечни региони и подрачја уништени од војна или природни катастрофи, објаснил Хајимири.

Можноста за безжичен пренос на соларната енергија од вселенската има значајни импликации за користењето на обновливи извори на енергија. Јапонија планира да ја користи оваа технологија до средината на 2030-та година, а јапонскиот истражувачки тим планира да ја тестира технологијата до 2025-та година преку јавно-приватно партнерство.

Успешниот безжичен пренос на соларна енергија од вселената е голем чекор напред во задоволување на растечките енергетски потреби на човештвото. Пружа решенија кои може да работат 24 часа дневно и има потенција за пренос на енергија во далечни подрачја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг