Иднината пристигна: Кина креираше робот кој може да војува

Точка

05/12/2025

19:29

766

Големина на фонт

а а а

Кина неодамна претстави нов тип борбен робот кој, со помош на вештачка интелигенција, може речиси моментално да го реплицира секој потег на човечкиот оператор.

Системот функционира така што војникот носи одело со сензори за движење, а роботот потоа прецизно ги имитира неговите дејства – удари, одбранбени реакции или други борбени движења. Визуелно и функционално роботот потсетува на машините од американскиот филм „Real Steel“ од 2011 година, што само го истакнува нивото на технолошки напредок што е демонстриран, пренесува „PCPress“.

Новиот борбен робот беше прикажан за време на 12. Меѓународна недела на воени кадети во ноември 2025 година, организирана од Инженерскиот универзитет на Копнената војска на PLA. На настанот учествуваа кадети од Кина и од уште 13 странски држави.

Учесниците исто така тестираа и роботи за деминирање опремени со AI-визуелна детекција, како и роботи за отстранување експлозивни направи кои се управуваат исклучиво со гласовни команди. Според извештаите, системот привлече големо внимание поради високата прецизност и брзината на реакција.

Кинеските воени аналитичари наведуваат дека станува збор за дел од поширока стратегија на PLA насочена кон развој на интелигентно војување, во кое напредни роботи би можеле да преземат задачи во опасни и комплексни услови. Инструкторите за време на настанот прикажаа и AI-апликации за обука, вклучувајќи виртуелно бојно поле и програми кои ги препознаваат слабостите на кадетите и генерираат персонализирани планови за тренинг.

Иако новата технологија сè уште се наоѓа во почетна фаза, кинеската војска истакнува дека ваквите системи во иднина можат да имаат значајна улога во борбени операции, зголемување на безбедноста и одбраната.