Taтко ѝ ја вовлекол во секта, а потоа ја замразила и мајка си: Никол Кидман сè уште страда за ќерката!

Кармин

31/05/2023

16:16

11.137

Големина на фонт

а а а

Том Круз и Никол Кидман од статусот на златна холивудска двојка a денес не можат ни да бидат присутни на ист настан. Љубовта на Никол кон Круз скапо ја чинела. Парот заедно помина 11 години брак, а за тоа време посвоија две деца, синот Конор и ќерката Изабела.

Кога ставиле крај на нивниот брак, во 2001 година, јавноста останала во шок. Подоцна се појавиле информации дека Скиентолошката црква се вмешала во нивниот брак и однос. Во својата книга „A Billion Years: My Escape From a Life in the Highest Ranks of Scientology“, поранешниот високопозициониран член на Скиентолошката црква, Мајк Рајндер, открил дека Том Круз почнал да се повлекува од скиентологијата додека го снимал филмот од 1997 година „Очи широко затворени” со Никол – а тоа воопшто не им се допаднало на челниците на црквата.



Поради тоа, тие направиле напори за да го отргнат актерот од неговата сопруга и да го вратат на скиентологијата. 

Челниците на црквата, пишувал тој, биле загрижени за влијанието кое Кидман го имала врз нивната најпозната ѕвезда и не е чудно што ги прислушувале нејзините телефонски разговори.

Сепак, најтешкиот и најболниот удар што успеале да ѝ го нанесат на холивудската актерка е индоктринацијата на нивните деца. „Ги зедоа под закрила“ и со теоријата на Л.Рон Хабард, за таканаречените супресивни личности, ги свртеле Изабела и Конор против нивната мајка. Според учењата на скиентологијата, супресивна личност е некој што се смета за непријател на црквата и мора да биде отстранет.


Кога Том и Никол се разделиле, ќерката имала осум години. Кидман потоа се преселила во Њујорк и таа и Том го делеле старателството над децата. На почетокот сè било во ред, но Том почнал да го посетува скиентолошкиот центар со децата. Во текот на 2004 година, Никол често била отсутна поради снимањата, а кога сакала да помине време со своите деца, тие често биле во кампот.

Веќе следната година полека започнало отргањето на децата од Никол, а актерката се соочила со психички проблеми.

Кога си дошла на себеси, децата веќе биле посветени на скиентологијата и толку биле оддалечени  од својата мајка што новата сопруга на Том, Кејти Холмс ја нарекувале „мамо“.


Никол немала нормален контакт со својата ќерка речиси 20 години, а не била ни гостинка на нејзината свадба во 2015 година.

“Свадбата беше во духот на скиентолошка церемонија. Никол не беше таму. Таа дури и не знаеше дека нејзината ќерка се мажи”, изјавил тогаш извор за Њујорк пост.

Актерката Леа Ремини, која исто така ја напуштила Скиентологијата, пишувала за врската на Том и Изабела со Никол. Таа во својата книга „Troublemaker: Surviving Hollywood and Scientology“ опишала дека на свадбата на Том Круз и Кејти Холмс се возела со неговите посвоени деца. Не зборувале многу за нивната мајка. Кога ги прашала, пишува Леа, дали се гледаат со Никол, Изабела кратко одговорила: „Не, ако имам избор. Нашата мајка е супресивна личност“.

Каков е моменталниот однос на двајцата со мајка им, на јавноста не ѝ е познато, бидејќи и двајцата биле прилично повлечени и не давале често изјави и интервјуа, а Никол накратко проговорила за нив во интервју за Сан во 2019 година. „Мајчинството е патување. Ќе има неверојатни подеми и падови, без разлика дали сте биолошка мајка или не, сепак, она што му треба на детето е љубов. Тие ја избраа скиентологијата. Наша работа како родители е секогаш да им ја нудиме нашата безусловна љубов“, изјавила таа тогаш.


Една година подоцна, Изабела во ретко интервју откри дека редовно разговарала со нејзината мајка, а сега ѝ ја покажа својата поддршка во јавноста. Имено, Никол споделила фотографии од финалето на серијата „Love And Death“ во која таа била извршен продуцент, а на оваа објава меѓу првите реагирала Изабела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk