Џенифер Лопез го спои неспојливото: Во Париз се појави во чипкан фустан, но сите гледале во нејзините нозе

Кармин

01/10/2026

08:31

799

Големина на фонт

а а а

Џенифер Лопез продолжува со своите експериментални модни изданија, а по низата впечатливи појавувања на Модната недела во Милано, славната пејачка и актерка го привлече вниманието на улиците во Париз со смела модна комбинација која ја спојува летната лежерност со есенските трендови.

Актерката прошетала низ француската престолнина во заводлив бел слип-фустан во стилот на деведесеттите. Креацијата изработена од полупроѕирна чипка се истакнувала со длабок шлиц на грбот и од страната, откривајќи ја и нејзината преправена тетоважа посветена на Бен Афлек.


Фустанот во долниот дел имал и висок шлиц, додавајќи доза елеганција на нејзиниот чекор.

Сепак, посебно внимание привлече спојот на летниот фустан и есенските модни додатоци. Лопез го надополнила изгледот со тренд кој потсетува на училишните униформи и естетските детали од серијата „Gossip Girl“ – високи бели чорапи со робусни црни мокасини.


Од модни додатоци избрала мала црна чанта „Lady Dior“, предимензионирани очила за сонце со бакарен отсјај, дискретен златен синџир со приврзок во форма на срце и низа златни нараквици.


За оваа пригода, косата со прамени во карамел боја ја собрала со шнола, со патец на средината и прамени кои ѝ го врамувале лицето, додека стајлингот го заокружила со висечки бисерни обетки и кармин во беж нијанса.


Ова издание е само продолжение на серијата смели стајлинзи со кои Лопез во последно време ги изненадува обожавателите. Пред Париз, за време на Модната недела во Милано, беше видена во низа различни изданија – црно кадифено сако со соодветна капа, проѕирен чипкан фустан, како и фармерки во стилот на седумдесеттите со чипкани детали од страната.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk