Подгответе се за астролошки пекол! Ако сте родени во некој од овие знаци, астролозите, меѓу кои и планетарно популарниот Еван Натаниел Грим, имаат само една порака за вас – повлечете ја рачната сопирачка, затворете се дома и чекајте да помине овој месец, бидејќи проблемите ќе ве „удираат“ од сите страни.
Октомври носи невиден космички хаос. Ретроградното движење на Венера и Меркур во мрачната Скорпија, во комбинација со жестокиот судир меѓу Марс и Плутон, ќе предизвика вистински хаос на небото, а цената ќе ја платат четири хороскопски знаци. Ним буквално им претстои животен ролеркостер, а тензијата ќе биде толку неподнослива што ќе посакаат да го преспијат целиот месец.
Пред вас е стресен период на работа и во семејството. Ќе почувствувате голем притисок од претпоставените или од постарите членови на семејството, кои ќе се обидат да ви го наметнат своето мислење.

Главната задача на Овните е да останат смирени и да не реагираат импулсивно, за да избегнат напорни и исцрпувачки расправии.
Октомври ви носи емоционален замор и преиспитување на односите. Можно е партнерот да има поголеми очекувања од вас од вообичаено, што ќе ви создаде чувство на притисок и неразбраност.

Поради овој емоционален товар, на Раковите ќе им биде потешко да се фокусираат на секојдневните обврски, па затоа е важно да ги одредат приоритетите и да не преземаат сè на свој грб.
Главен извор на стрес за Вагите во овој период ќе бидат финансиите и нерешените прашања од минатото. Може да очекувате непланирани трошоци или расправии со партнерот околу заедничкиот буџет и плановите за иднината.

Најдобро е да ги одложите големите купувања и ризичните инвестиции додека да помине овој бран на напнатост.
Јарци, ве очекува зголемена напнатост во комуникацијата со луѓето. Поради желбата сè да држите под контрола и навреме да ги завршите обврските, ќе станете нетрпеливи, што блиските луѓе можат да го протолкуваат како притисок.

За да ги зачувате добрите односи со пријателите и соработниците, свесно забавете го темпото и дозволете им на другите да ги прават работите на свој начин.
Сè на сè, месецот бара малку повеќе трпение, повеќе одмор и помалку импулсивни одлуки.