Квентин Тарантино го снима својот последен филм и порача: Барам млади актери, Бред Пит и Том Круз се веќе престари!

Точка

26/05/2023

17:01

5.053

Големина на фонт

а а а

Режисерот Квентин Тарантино го снима својот 10 и воедно последен филм во кариерата, како што најавил.

Познатиот режисер веќе имал готово сценарио и моментално е во потрага по актери, а иако сè уште не одбрал никого, сигурен е кој нема да игра во неговото последно остварување.



По неговите зборови, во филмот нема место за Бред Пит и Том Круз бидејќи се премногу стари за улогата.





„Сè уште не сум одлучил, но тоа ќе биде 35-годишник. Имам идеја за некој кој би можел да го одигра тоа многу добро“, изјавил Тарантино за „Deadline“, но одбил да го именува.




На новинарското прашање дали би избрал британски актер за улогата, тој имал многу интересен одговор: „Не. Вистина е дека еден Британец може добро да го одигра, но јас не би сакал главната улога да ја доделам на Британец“.



Дејствoто на филмот со наслов „The Movie Critic“ ќе се одвива во 1977 година, а режисерот не сакал да открие дополнителни детали, ниту пак каде ја нашол инспирацијата. Единствено нешто што го споделил со фановите е информацијата дека филмот нема да биде за одмазда.




Спонзорирани линкови

Маркетинг