Продолжуваат проблемите во рајот: Бен Афлек се повлекува од јавноста поради расправиите со Џеј Ло?

Точка

23/05/2023

16:19

6.142

Големина на фонт

а а а

Постои веројатност Бен Афлек да се повлече од јавниот живот поради тврдењата дека постои тензија меѓу него и неговата сопруга Џенифер Лопез, сето тоа откако тие постојано биле фотографирани сред расправии и недоразбирања.

Славниот пар стапил во брак минатата година, но неодамна биле видени во низа, навидум, жестоки кавги. Тие исто така биле фотографирани на црвениот тепих, претходно овој месец каде што Бен луто покажува кон нешто во далечината. Се вели дека ѕвездата oд „Арго“ барала помирен живот, а експерт за односи со јавноста изјавил дека тоа е потполно веројатно кога станува збор за Бен.


„Мирор“ стапиле во контакт со Маја Риаз, која појаснила: „Не изгледа како да ужива во јавната страна на својата професија, како доделување на награди и премиери. Последните неколку пати беше на доделување награди и не изгледаше како да ужива таму, воопшто“. „Колку повеќе тој се појавува на доделувањата изгледа „помизерно“ секој пат или како да постои тензија меѓу него и Џенифер, па таа можеби повеќе нема да сака да присуствува на овие настани. Постојат познати личности кои имаат помирен живот и покрај нивниот статус на ѕвезда. Тоа е нешто што е потполно можно да се направи“, додала таа.



Во последно време камерите сè почесто ги фаќале Џенифер Лопез и Бен Афлек во жестоки расправии на јавни места. Додека многумина се прашуваат што се случува, извор близок до парот ја открил причината за нивните кавги.

Американските медиуми сега ги откриваат причините за несогласувањата помеѓу парот, а една од причините е тоа што на Бен му здосадиле барањата на Џенифер. За сè проговорил извор близок до нив, кој тврдел дека на Бен му пречеле барањата на неговата сопруга, која се однесувала како „дива“ и настојувала сè да биде совршено додека трагаат по својот семеен дом од соништата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг