Фенг шуи правила: Часовникот никогаш не треба да го поставувате на овие 2 места во домот – еве зошто

Кармин

12/05/2023

18:30

8.040

Големина на фонт

а а а

Доколку го поставите на погрешно место, може да пречи во циркулирањето на позитивната енергија во домот.

Сите знаеме дека постојат фенг шуи правила, но многумина од нас не знаат што значат тие и кои се.

Секако, сè зависи и од тоа што сакате, но доколку целта ви е во вашиот дом да ја сочувате среќата и позитивната енергија, тогаш задолжително треба да обрнете внимание на местото во домот каде го поставувате часовникот.

Часовникот, доколку не сте знаеле, е важен симбол и означува движење, промена и акција.

Прво и основно правила е дека часовникот се поставува во просторија во која има повеќе движење или во која има најмногу активности. Таква е дневната соба каде семејството најмногу комуницира и каде го поминува поголемиот дел од времето.


Исто така добра опција е часовникот да се постави во работната соба или канцеларијата. Корисно е да имате часовник којшто покажува колку време сте поминале работејќи.

Едно место на кое не е добро да го чувате часовникот е – спалната соба. Таа соба служи исклучиво за одмор, како и постигнување на сексуална енергија, каде времето е најмалку важно.

Најдобро е часовникот да го поставите во дневната соба или посебна просторија каде сите, па дури и гостите ќе можат да го видат.

Часовникот никогаш не треба да го ставате на ѕид спроти влезната врата. На исток, според фенг шуи традицијата, главниот елемент е дрвото. Затоа никогаш на ѕидовите не ставајте часовници кои се направени од метал, а најдобро е да ги замените со оние направени од дрво, камен или пластика.

Сепак, постојат места каде според фенг шуи добро е да го поставите часовникот. Тоа се детската соба, како и собата на бебето поради хранењето. Најдобро е да користите часовници кои не испуштаа звук, туку се дигитални.


Кај постарите деца часовниците се користат децата да не задоцнат на училиште, па добро е еден да поставите и во нивната соба. Набавете некој часовник со убав дизајн.

Часовниците украсени со фотографии со четири годишни времиња или оние кои покажуваат сонце и месечина, ден и ноќ се одлична комбинација за привлекување позитивна енергија кај децата.

Исто така според фенг шуи не треба да чувате часовник без батерија или оние кои се расипани затоа што тие носат лоша енергија и го блокираат протокот на добрата енергија во домот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk