Не е првата која го носеше, но беше најзабележана: Џенифер Лопез со овој фустан го „сруши“ интернетот и влезе во историјата

Точка

01/04/2023

10:50

9.367

Големина на фонт

а а а

Пејачката и актерка Џенифер Лопез во далечната 2000-та година влезе во историјата на модата.

Доделувањето на Греми наградите во 2000 година беше незаборавен настан поради повеќе причини, но еден од најзначајните моменти беше кога на црвениот тепих се појави пејачката и актерка Џенифер Лопез.

За таа прилика Лопез носела смарагден фустан со дезен на листови од палма којшто го потпишува „Версаче“, а нејзината појава ја внесе во историјата со овој смел изглед на црвениот тепих.

Фустанот брзо стана еден од модните моменти за кој најмногу се зборуваше во Холивуд, а и денес се памети како еден од најдобрите изгледи на црвениот тепих на сите времиња.

Фустанот целосно е направен од свилен материјал, а имал и длабоко деколте до папокот и шлиц на средината.

Пејачката фустанот го искомбинирала со едноставен накит. Целокупниот изглед бил сексапилен и гламурозен, а Лопез беше етикетирана како икона на стилот.


„Фустанот беше доволно провокативен, претпоставувам дека ги заинтригира луѓето“, изјавила Лопез за „Vogue“ една година по настанот.

Сега веќе култниот фустан беше еден од трите кои на Лопез ѝ ги понудила тогашната стилистка Андреа Либерман воочи доделувањето на наградите. Овој зелен фустан станал синоним за Лопез, но таа не била првата позната дама која го носела.


Прво тоа го направила дизајнерката Донатела Версаче на Мет Галата во 1999 година, а подоцна и Џери Халивел на доделувањето на Music Awards во 2000 година, а само еден месец подоцна го носела и Лопез.

Но, ниту едно појавување во оваа зелена креација не било толку впечатливо како она на Џеј Ло.

Џенифер во овој фустан станала најпребаруваниот поим на Гугл во тоа време, според поранешниот извршен директор на таа компанија Ерик Шмит.


„Луѓето сакаа повеќе од текст“, напишал тој во 2015 година.

„Но, ние имавме сигурен начин на корисниците да им го дадеме тоа што го сакаа – Џеј Ло во тој фустан. Така е роден Google Image Search“, напишал тој тогаш.

Се сеќавате ли вие на оваа модна комбинација на Џенифер Лопез?



Спонзорирани линкови

Маркетинг